Отишла во Турција да купи чеиз и не се вратила

0
17

Дамир Османов, кој во автобуската несрeќата која се случи во Бугарија во ноември ги изгубил сопругата и ќерката, не ја крие болката која му ја предизвикала оваа голема трагедија. Неговата ќерка во Турција заминала со мајка и за да купи чеиз за свадбата што требало да се случи во април. Тој вели дека телата на неговите најблиски ќе бидат погребани денеска и дека е правилно одлуката да биде откажана поворката со телата на загинатите, објави Слободен печат.

Во несреќата загинаа 45 луѓе. Нивните тела денеска беа донесени во Македонија.

Околу 2.000 луѓе на гробиштата во Студеничани им оддадоа последна почит на загинатите од оваа општина.