Охрид, Струга и Ресен остана без струја

0
39

Дефект на два далекуводи ги остави без струја Охрид, Ресен, Дебар. Станува збор за голем дефект во системот на снабдување со електрична енергија поради кој над 100 илјади жители во регионот останаа без струја.

Неофицијално дефект на двата делекуводи, Вруток Шпиље и Битола 4 Ресен е причината поради која Ресен, Охрид и Дебар останаа без струја, јавува ТВ 21. Според нивните информации дефектот е во високонапонската мрежа на МЕПСО и околу 40-тина лица од тимот на МЕПСО се на терен и се обидуваат да го санираат дефектот.