Пожарникари се прекачуваа преку балкони да ги спасуваат загрозените од пожарот во Буњаковец

0
20

Синоќа пожарникарите мораа да се прекачуваат преку балкони за да го изгасат пожарот кој изби во зграда на улица „Христо Смирненски“ во непосредна близина на „Треска“,  во тесните улички во близина на Универзална Сала, во градската четврт Буњаковец во Општина Центар.

Станарите дел од минатата ноќ ја минаа на улица додека траеше гасењето на пожарот кој зафати еден од становите. Инцидентот кој започнал околу 3 часот по полноќ поминал без повредени лица, а материјалната штета првично се проценува на неколку илјади евра, објави Мета.мк

Пожарникари, брза помош и полиција на ул. Христо Смирненски. Фото: Мета.мк.

Жители од загрозената зграда им објаснија на новинарите на Мета.мк дека поголема катастрофа со жртви била избегната благодарение еден од соседите. Тој случајно бил буден и штом го почуствувал чадот веднаш ги алармирал надлежните служби и почнал да ги буди другите станари, одејќи од врата до врата.

Според очевидците, токсичниот чад од станот што горел на вториот спрат брзо се пробивал кон погорните спратови, а доколку пламените јазици го зафателе балконот пожарот можел лесно да се прошири и на соседната зграда која е „залепена“ до опожарената