Полицаец од Неготино бил јатак на шверцери на мигранти, им давал информации за контроли и „пропуштал“ возила

0
63

Полициската станица во Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР поднеле кривична пријава против С.К.(24) од Неготино за „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување.

Истрагата покажала дека пријавениот, кој бил полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал.

Тој е уапсен и предаден на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, и му е изречен притвор.