Попова Шапка со сиот свој сјај ги пречекува туристите пред прагот на официјалнот старт на сезоната, закажан за 15 месецов.

0
21
Подготовки пред прагот на скијачката сезона на Попова Шапка. Се тапкаат ски патеките, се врши проверка на жичниците. Снегот го обели центарот, доволен за отворање на сезоната

 

Со ски, со санки, некои пеш, некои на долга планинарска тура, низ белилото на Попова Шапка. Центарот со сиот свој сјај ги пречекува туристите пред прагот на официјалнот старт на сезоната, закажан за 15 месецов.

Новите снежни врнежи во месец декември, оваа година ги донесе скијачите малку порано на центарот. Природата ја обдарила Попова Шапка со големи предуслови за врвен туристички центар, но надлежните во мала мерка го искорустуваат сето тоа. Потребни се инвестиции, особено вложувања во основната инфраструктура.

Од раководството на Попова Шапка, велат дека годинава имаат инвестирано во повеќе проекти за развој на центаротБачила, уредување на почетните точки на ски патеките, како поголем ред и контрола за користење на приватни ратраци и санки.

Туристите пак бараат решавање на најгорливиот проблем кој се провлекува со години, недостиг на паркинг места  

Од раководството, велат дека годинава се оспособени за употреба два паркинг плаца,  кои порано воопшто не биле одржувани.

Авзиу заедно со министрите за економија и животна средина Бектеши и Нуредини, кои го посетија центарот, најавија дека се работи на идејни решенија за нова гондола Тетово – Попова Шапка, како и инсталација на вештачки снег. Во меѓувреме според нив, се разговара со сериозни инвеститори за развој на центарот преку јавно – приватно партнерство, или целосна приватизација.