Радев за спорот со С Македонија: Не се водиме по рокови, туку по резултати

0
16

На сите европски совети – почнувајќи од мај, разговарав со секој европски лидер на тема Северна Македонија. Сакам да им се заблагодарам, бидејќи по вторпат темата е надвор од дневен ред.

Нашите партнери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем. Проблемот влијае длабоко врз основата на самата ЕУ, поточно човековите права и недискриминацијата, изјави претседателот Румен Радев за бугарските медиуми во Брисел.

Радев се наоѓа во главниот град на Белгија, каде што учествува на шестиот самит на источното партнерство и на Европскиот совет.

Ќе продолжиме да ја браниме не само историјата, додаде Радев и истакна дека главен приоритет е почитувањето на човековите права на луѓето со бугарски идентитет.

„Не даваме рокови. Овој процес не се води по рокови, туку по резултати“,додаде Радев.