Сајкоски: Покрај изборот на претседател, Конгресот ќе донесе и документ кој ќе биде платформа за идните делувања на ВМРО-ДПМНЕ

0
17

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на прес конференција посочи дека денеска партијата ќе го одржи 17-тиот Конгрес.

Тој вели дека на Конгресот ќе земат учество 517 делегати, а има доставено само една кандидатура од страна на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски.