Се зголемува бројот на деца со посебни потреби во државата

0
31

Се зголемува бројот на деца со посебни потреби во државата. Честата употребата на технологијата, но и немањето на соодветна здравствена заштита во одредени региони за оваа категорија лица е причината за ваквата состојбата. Во Македонија 10 % од целокупната популација има одредени пречки во развојот.

Поголема социјализација дома, но и на училиште е основниот и главниот метод кој помага на децата со посебни потреби за нивен правилен развој, вели дефектологот Илинка Димчевска.

Таа работи со 19 дечиња во овој кабинет за стимулирање во Тетово. Нејзиното десетгодишно искуство, говори дека свесноста за разлика од порано е поголема.

Родителите знаат да забележат ако има некои отстапки кај децата. Но, сепак кај некои има одредена скепска и не бараат стручна помош, што е голема грешка.Секој навремена интервенција носи позитивни резултати.

Таа смета дека инклузивниот процес во училиштата оди во добра насока. Потребни се повеќе стручни лица, прирачници, како и поголемо внимание и работа со децата.

Книгата Сетила е една од ретките прирачници за дечињата со посебни потреби која недамна беше промовирана во Тетово.

Сетилата се првиот чекор со кои можеме да се снајдеме во средината, затоа сметам дека овој труд ќе помогне многу,  особено во образовниот процес во самите учлилишта, вели авторката.

Статистиката на СЗО говори дека има над милијарда лица со посебни потреби или над 10 одство од целата популација Кај нас во земјава има околу 200 илјади лица од оваа категорија.