Се излеа Брегалница кај Делчево – домовите се штитат со вреќи песок

0
17

Водената стихија предизвикана од обилните врнежи од дожд буквално однесе дел од мостот кај делчевското село Трботивиште. Мостот е граден пред само 7 години,објави Сителhttps://sitel.com.mk/se-izlea-bregalnica-kaj-delchevo-domovite-se-shtitat-so-vrekji-pesok

-Неправилно изграден, не професионално направен и после секој пороен дожд мостот е дисфункционален, изјави жителка на с.Трботивиште.

Река Брегалница се излеа од коритото и во централното градско подрачје на  Делчево. Поплавени се пешачките патеки и клупите, а станарите од првите куќи будно ја следат состојбата, но се надеваат дека нивото на водата нема да расте, зашто престанаа врнежите. Од локалната самоуправа велат дека имаат подготвено вреќи со песок и доколку се укаже потреба ќе ги постават. Ваков висок водостој последен пат Брегалница во Делчево имаше пред 4 години. Водите од реката директно се влеваат во брана Калиманци. Од водостопанство „Брегалница„ информираат дека се акумулирани 50 милиони кубни метри вода, а браната е со капацитет од 120 милиони. Во моментот се влеваат 60 метри кубни вода во секунда, но состојбата е под контрола и далеку е од прелив.

Интензните врнежи предизвикаа и одрони на патот од Виница кон Македонска Каменица. Иако од утринава коловозот се расчистува, од „Македонија пат“ апелираат до возачите да се воздржат од патување на овој патен правец, бидејќи се уште постои опасност од нови одрони.