Се преврте автобус со одбојкарки во Србија, четири девојчиња и тренерот префрлени во болница

0
27

Автобус со одбојкарки од Пожаревац, Србија, денеска се преврте на патот Пеќинци – Буџановци. Жителите на селото веднаш притрчале во помош и ги извлекле младите девојчиња и ги одвеле во блискиот хотел за да се стабилизираат. Станува збор за девојки на возраст од 15 до 17 години кои патувале кон Лозница на натпревар.

„Блиц“ известува дека четири девојчиња кои се пожалиле на болки се пренесени во Детската болница Тиршова во Белград. За среќа, нивните повреди не се сериозни, а тие најмногу се жалат на болки во ребрата, рацете и нозете.