Се судриле „бмв“ и „голф“ кај тетовско Непроштено, повредени тројца

0
29

На 26.12.2021 во 09.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, кај с.Непроштено, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(43) од с.Нераште и патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(40) од с.Доброште, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Н., а со телесни повреди се здобиле Ш.С. и сопатникот од истото возило, Ј.М.(43) од с.Нераште, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.