Србија и Русија потпишаа договори за изградба на центар за нуклерна технологија во Србија

0
15

ладата на Република Србија и Државната корпорација „Росатом” го потпишаа Општиот рамковен договор за изградба на Центарот за нуклеарни технологии и Договорот за основање заедничко претпријатие кое ќе го реализира овој проект на територијата на Р. Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Во пресрет на посетата на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на Москва, договорите ги потпишаа министерот во Владата на Србија и претседателот на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија Ненад Поповиќ и претседателот на Росатом Оверсиз Евгениј Пакерманов, соопштија од кабинетот на министерот за иновација и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Врз основа на споменатите договори, во следните три години во Србија ќе се изгради Центар за нуклеарна медицина базиран на комплексот циклотрон и капацитети за производство на радиофармацевтски производи.

-Ова е историски ден во односите меѓу Србија и Русија. Врз основа на договорот меѓу нашите лидери, српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, потпишавме договори кои ќе ја вратат Србија на мапата на европските земји со капацитети за научно истражување во областа на нуклеарните технологии. Ќе ја подигнеме подготвеноста на Србија во областа на медицината, науката, истражувањето, а веќе имаме барања од соседните земји заедно со нашите научници да се искористат капацитетите на овој центар. Потпишувањето на овие договори отвори нови перспективи во развојот на односите меѓу Србија и Русија во областа на нуклеарните технологии, изјави министерот Ненад Поповиќ.

-Многу ни е драго што заедно со нашите српски партнери утврдивме конкретни чекори, како и прелиминарни рокови за реализација на проектот во кој ќе се применуваат иновативни руски нуклеарни технологии. Радиофармацевтскиот комплекс и Центарот за нуклеарна медицина ќе ја направат високотехнолошката медицинска нега достапна за граѓаните на Србија, насочена првенствено кон решавање на проблемите во борбата против онколошките болести, изјави Алексеј Лихачев, извршен директор на Државната корпорација Росатом.

Идниот центар ќе даде значаен придонес во развојот на Република Србија, ќе користи најнапредни технологии како што се производство на радиоизотопи кои се користат за медицински и индустриски цели, производство на легиран силициум за индустријата, обезбедување услуги за одредување на елементарниот состав на руди и минерали и еколошки примероци.

Проектот за формирање Центар за нуклеарни технологии се реализира во рамките на Меѓудржавниот договор меѓу Владата на Република Србија и Владата на Руската Федерација потпишан во 2019 година за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србиј