Таравари за тужбата: Нека одат по судови, не можат да ме запрат да зборувам дека децата ни ги трујат со наркотици

0
38

Нека одат по судови, вели градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари откако претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар Башким Хасани му поднесе тужба за клевета.

Ме тужи зашто јас сум објавил вест дека во Глумово се фатени двајца гостиварци со 100 кг марихуана, гостиварци кои се многу блиски со номенклатурата на ДУИ во Гостивар и во многу портали имаа слика со Башким Хасани. Тие немаат слика со мене, затоа што не биле во контакт со мене, туку со челниците од ДУИ. Можат да одат по судови, нема проблем, знам и какви се судовите, но јас како совесен граѓанин ќе војувам против тие феномени со кои децата се трујат со амфетамини, наркотици, марихуана. Не можат да ме запрат, не можат да не‘ запрат да мислиме и да говориме против овие лоши феномени за градот. Да анализираме зошто тие што се фатени имаат слики со Хасани, со Бејта, со други челници на ДУИ. Цели избори, месец дена кампања беа нон стоп со ДУИ и сега се фатени со дрога. Не се фатени активисти на Алијанса или друга партија. Ќе продолжам да ги говорам и да барам правда за овие случаи без разлика на судската одлука“, изјави Таравари.