ФОТО) Жителите на с. Јабланица сами го расчистуваат снегот, да можеа и струја ќе си донесеа – надлежните ги заборавија

0
27

Жителите на с. Јабланица веќе четврти ден се наоѓаат во незавидна ситуација заради непроодни патишта и без електрична енергија. Тоа што од канцелариите на бирократите може да се релативизира по медиумите и по социјалните мрежи, не може да биде скриено на терен.
Овие луѓе се жртва на нечија неспособност, стои во објавата од ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.

Оттаѓу апелираат до сите надлежни да вложат максимални напори и да им излезат во пресрет на јабланичани, не затоа што тоа е чин на добра волја, туку затоа што тоа е нечија должност.

-Да можеа и струја ќе си донесеа, исто како што сами го расчистуваат патот.
Грижата за секој еден граѓанин не е во декларативните рецитали во средбите со нив пред секои избори, ами сега кога на дело треба да се покаже, соопштија од ОК ВМРО ДПМНЕ