Фото: Камион пропадна во дупка на сред улица во Белград

0
28

Хаос во Белград во населбата Вождовац.

На сред улица се отворила дупка во која пропаднал камион. Поради дупката овој дел на Белград остана без вода.

На Вождовац во Белград на улицата Качарска пукнатината во асфалтот се проширила во дупка, која настанала во време кога пукнала цевка. Инцидентот се случил околу 3 часот по полноќ.

Во дупката пропаднал камион. Во инцидентот за среќа нема повредени.

Возачот на камионот во изјава за националниот сервис истакнал дека воопшто не бил свесен што му се случило, кога едноставно камионот почнал да пропаѓа.