33-годишен пациент од Тетово е пушачот кој можел да ја „запали“ Пулмологија

0
45

Брзата интервенција на дежурниот тим на Клиниката за пулмологија спречила поголема несреќа вчера вечерта, koкога 33 годишен пациент од Тетово ја извадил маската за кислородна поддршка и запалил цигара.

Според информациите на Телма, веднаш откако запалил цигара почнал да гори кислородот од маската и го изгорел по лицето и градите.

Во собата имало уште неколку пациенти исто така на кислородна поддршка. Дежурниот тим брзо дознал за пожарот и веднаш го исклучил централниот кислороден систем.

Доколку не бил изгаснат системот, пожарот можел да се рашири преку кислородот низ металните цевки кои би се загреале и би предизвикале експлозија.

Освен пациентот пушач никој друг не е повреден. На клиниката за Пулмологија нема пациенти кои се болни од Ковид 19.