Петков: Бугарската позиција кон Северна Македонија ќе се надгради

0
15

Кирил Петков, новиот бугарски мандатар за состав на влада, изјави дека позицијата кон Северна Македонија ќе остане иста, но фокусот ќе биде врз соработка и комуникација за наоѓање билатерално решение.

Тоа треба да се направи преку добра комуникација, со многу работа. Не сакаме да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, туку мора да седнеме и да работиме со тимови на различни теми за да се увериме дека преку заедничка работа и комуникација се движиме кон добрососедство. Но, истовремено ќе ги браниме и бугарските национални интереси.“ – изјави Кирил Петков – кандидат за премиер.