Видео) Четири часа пат од Попова Шапка до Тетово, центарот блокиран, без капацитет да прими илјадници туристи

Туристите на Попова Шапка до 15 часот на ски патеките, останиот дел од денот во автомобилите заглавени во метежот. Скијачкиот центар Попова Шапка поради преголемите гужви, односно сообраќајниот хаос во попладневните часови беше блокиран во викенд населбата, околу хотелите, како и патот кој води кон Тетово, објави ММС

Па после скијање тргнавме кон дома околу 15 30 минути, но во принцип не тргнавме. Автомобилот ни стоеше во место неколку часа заглавен. Помисливме дека имало некоја сообраќајка подолу, но потоа се испостави дека не станува збор за сообраќајка, туку големиот број возила кои пристигнаа на Попова Шапка, а немаа каде да се паркираа го блокираа цел центар. Тие беа паркирани и долж патот Тетово – Попова Шапка и така возилата паркирани ја стеснуваа сообраќајната лента и се создаваше уште поголем хаос. Денес имаше многу посетители поради недела неработен ден, но и убавото време. Само да дополнам тргнавме после 13, а дома стигнавме после 19 часот. Значи за 20 километри пат патувавме 4 часа, вели еден посетител на Попова Шапка.

Целата сторија на ММС подолу на линкот

(Видео) Четири часа пат од Попова Шапка до Тетово, центарот блокиран, без капацитет да прими илјадници туристи