ВМРО-ДПМНЕ: Ајде на избори без техничка влада со една една изборна единица

ВМРО-ДПМНЕ е спремна да оди на предвремени парламентарни избори без техничка влада, и со тоа изборите да можат да се распишат во најкраток можен рок, без услов од 100 дена техничка влада. Така ќе се заштеди на време и новата влада ќе може бргу да почне да се справува со предизвиците пред кои е исправена државата, соопшти партијата.

 

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и на барањето на помалите партии кои бараа една изборна единица.

„ЛДП, ДОМ и ДС треба само да смогнат сили и да им кажат не на нивните раководства кои ги држат во влада за неколку директорски места или вработување на роднини на истите.

Владата со која управува ДУИ, а Ковачевски е само вршител на должност премиер не може да ја избави државата од ниту една од четири кризи во кои ја втурна токму оваа гарнитура на политичари.

Потребни се брзи предвремени избори и одговорна влада која ќе знае да се справи со проблемите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.