Возел деца кон Попова Шапка со неисправен автобус

Вчера околу 14 часот и 30 минути, на улица “Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово запреле автобус со прилепски регистарски ознаки, а кој превезувал ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка.

Кај автобусот, кој веднаш бил испратен на технички преглед, констатирани се технички неисправности, по што бил исклучен од сообраќај.

Против возачот на автобусот, правното и неговото одговорно лице ќе бидат изготвени, односно ќе следуваат соодветни поднесоци, додека автобусот ќе биде надвор од функција до отстранување на техничките недостатоци, соопштија од СВР Тетово