Возила во Гостивар вршеле превоз без технички преглед и без потребната опрема

Денеска во периодот од 6 до 9 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња.

При контролата биле откриени и санкционирани 2 возила без извршен технички преглед и 1 возило со недостиг на потребна опрема.

На возилата-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, додека 1 возило е исклучено од сообраќај.

Покрај ова, во контролата санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци за кои се изготвени поднесоци и кои ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.