Грчкиот митрополит кој кажа дека господ го штити од зараза почина од ковид-19

Митрополитот на грчкиот округ Етолија-Акарнанија, Космас, кој отворено се противеше на вакцинирањето, почина на 76 години по едномесечна борба со ковид-19. Космас, кој одбивал да се вакцинира, бил примен во болница на 1 декември, по што завршил на интензивна нега.

Космас беше жесток критичар на владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи носење маска. За време на една богослужба минатата година, тој ги нападна сите оние кои не сакаа да влегуваат во преполни цркви, нарекувајќи ги неверници.

„Господ не дозволува да се заразите. Господ не заразува! Ова е свето место, храмот е небесен“, кажа тој.

Космас лани бил повикан од Светиот синод да објасни зошто не ја почитува едногласната одлука на Грчката православна црква во врска со коронамерките за време на Велигден. Седумдесет и петгодишната сестра на Космас, која исто така не била вакцинирана, почина од ковид-19 минатиот месец