Делтакрон“ е најновиот хибриден сој на ковид-19

Делтакрон е новата комбинација од делта и омикрон сојот на ковид 19 кој е откриен на Кипар, а веќе се пријавени 25 случаи со оваа инфекција.

Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, го нарече новиот хибриден сој делтакрон и предупреди дека светот во иднина ќе види дали овој вид е позаразен и дали ќе преовладува над сегашните видови, пишува Russia Today

Кострикис, сепак, рече дека хибридот најверојатно ќе биде совладан од варијантата омикрон, која веќе масовно циркулира.

Иако некои изразија загриженост поради вестите за друг вид, неколку научници го отфрлија откритието како медиумско „заплашување“ и лажна тревога.

.