Едно се гради друго се уништува – Затрупан извор со минерална вода за кој се верува дека лекува од стомачни болести

Уништен симболот на месноста Бањиче. Изворот со минерална вода каде што тетовци, но и жители од цела Македонија полнеа вода за која веруваа дека лекува од стомачни болести, неодамна е затрупан со земја. На оваа месност се изведуваат градежни активности од страна на Општина Тетово, за уредување на просторот и изградба на рекреативно место. Но очигледно не се внимавало на минералните извори, по кои што е препознатливо Бањиче.

 

 

-Кога дојдов тука се изненадив. Како е можно ова некој да го направи, се чувало со векови, сега да се уништи. Тука не само од Македонија, туку и од соседно Косово доаѓаат да полнат вода, за кој веруваат дека им помага, а и навистина им помага, ако постојано ја користат. Сега општината нешто гради, но од друга страна и уништува, вели еден жител кој сакаше да наполни минерална вода, но наиде на затрупан извор.

Повеќе кликни подолу на линкот на ММС

Едно се гради друго се уништува – Затрупан извор со минерална вода за кој се верувало дека лекува од стомачни болести – ММС (mms.mk)