Ердоган го отпушти шефот на агенцијата за статистика поради објава на стапката на инфлација во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отпушти шефот на државната агенција за статистика откако тој ги објави податоците кои покажуваат дека стапката на инфлација минатата година достигна највисоко ниво во последните 19 години од 36,1 отсто.

Ердоган не ја објасни својата одлука да го назначи Ерхаан Четинкаја, кој беше потпретседател на турскиот банкарски регулатор за нов шеф на државната статистика.

Разрешувањето на Саито Ердал Динчер е последната во низа слични одлуки на Ердоган, кој смени тројца гувернери на централната банка од јули 2019 година.

Ердоган ги критикуваше високите каматни стапки, за кои верува дека предизвикуваат инфлација – во целосна спротивност со конвенционалното економско размислување.

Податоците за инфлацијата за 2021 година, кои ги објави Динчер, ги налути и провладините и опозициските табори.

Опозицијата рече дека тоа е недоволно пријавено, тврдејќи дека реалните трошоци за живот се најмалку двојно повисоки.

Ердоган, наводно, ја критикувал статистичката агенција „во четири очи“ за објавување податоци за кои сметал дека го преувеличуваат обемот на економските проблеми на Турција.

Се очекува, агенцијата на 3 февруари да ги објави податоците за јануарската инфлацијата.

Ердоган денеска назначи и нов министер за правда, назначувајќи го поранешниот вицепремиер Бекир Боздаг на оваа функција, на местото на Абдулхамит Ѓул.