Касами бара трпение од тетовци поради рестрикциите во водоснабдувањето, на пролет ќе се започне со целосна санација на проблематичниот водовод

Почитувани тетовчани, во овој студен зимски период се соочуваме со проблеми во водоснабдувањето, сето тоа како резултат на дефекти кои ни се појавуваат одвреме – навреме, а тоа е резултат од несоодветното инвестирање, со непочитување на потребните стандарди за овој  водовод, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами

Тој истакна дека новиот водовод е со постојани дефекти, а вработените во Општинското јавно претпријатие кои постојано се во највисоките места на Шар Планина и даваат се од себе, со малкуте услови што ги имаат санирале еден многу тежок проблем, а денеска се соочиле со уште еден друг дефект, на една од точките на водоводната мрежа.

-Во околностите во кои постојано се наоѓаме, ве молам за разбирање и трпение и овие 2 месеци да се трудиме заедно да ги надминеме овие проблеми. Сакам да ве уверам дека во текот на пролетната сезона и ублажувањето на климатските услови ќе започнеме и со целосно санирање на водоводната мрежа и овој проблем еднаш засекогаш ќе се реши, објави Касами.