Лавина тргна кон Трифонов по неговото „мудрување“ за РСМ

Лидерот на ИТН вели дека не бил добро разбран. Продолжувањето на блокадата на РСМ не е во интерес на Софија, смета партијата Демократска Бугарија

Начинот на кој лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, го замисли решавањето на спорот меѓу Софија и Скопје, и тоа го презентираше вчера на Фејсбук, предизвика жестоки реакции во Бугарија. Откако во тамошната јавност беше обвинет за „срамно распродавање на бугарските национални интереси” заради безвизно патување во САД, Трифонов вчера се обрати по втор пат, со образложение дека не бил правилно разбран.

„Кон Република Северна Македонија – вие задолжително треба да ги исполнувате сите точки од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што го потпишавте со Бугарија, вклучително и сè што е поврзано со историјата на Бугарија. Северномакедонците треба да си ги признаат историските бугарски корени. Тоа е необжалив услов. Тоа не подлежи на дискусија. Кон нашите партнери од НАТО и ЕУ – штом толку држите до тоа ние да ја поддржиме Северна Македонија за преговори за членство во ЕУ – постапете партнерски кон нас, штом сакате ние да сме ви партнери – без визи за САД и веднаш во Шенген. Мислам дека сега моето мислење како граѓанин на Бугарија е повеќе од јасно”, дообјасни Трифонов на Фејсбук.

Запрашан – дали тоа е официјалниот став на ИТН, меѓународниот секретар на партијата, Димитар Гардев, за медиумите изјави дека за партискиот став ќе се разговара денеска.

Bulgarien l Büro von der Partei ITN von Slavi Trifonov

Канцеларија на партијата Има таков народ на Слави Трифонов

Политика не се води на Фејсбук

Но, лавината од реакции не запира. Весникот „24 часа“ во редакциски коментар оценува дека „водењето на надворешната (но и на секаква друга) политика, одамна се префрлило повеќе на Фејсбук отколку во државните институции, на кои тоа им е прерогатив“.

Преземено од Дојче Веле