Михаел Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство

 

За посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на земјава се огласи и доскорешниот германски министер за Европа, а сега пратеник, Михаел Рот со порака Бугарија да го признае македонското малцинство.

„Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Северна Македонија. Како што Северна Македонија признава бугарско малцинство, конечно Бугарија мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да признае македонско малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“, напиша Рот на Твитер.

Рот беше министер за Европа во Владата на Ангела Меркел и важи за голем поддржувач на Македонија и нејзинината евроинтеграција.