Мицкоски ќе го остави Ахмети без 100 дена премиер Албанец?

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи измени на Изборниот законик. Партијата на Христијан Мицкоски ќе бара да се укине постоењето на Техничката влада, а подготвени се и да преговараат за една изборна единица.

Мицкоски вели дека предвремените избори се неизбежни, па дури и е подготвен да оди на следните избори без технички министри и заменици-министри.

Укинување на Техничката влада претходно ветуваше и СДСМ. Со тоа веќе јавно дебатираа Заев и Мицкоски во пресрет на кампањата за парламентарните избори преклани. Мицкоски тогаш се согласи да нема техничка влада, но бараше министри и технички заменици-министри за организирање на изборите.

Евентуалното укинување на Техничката влада би го разнишала ветувањето на Заев за премиер Албанец, дадено на ДУИ при постигнувањето на договор за Влада. Во случај Техничката влада да се укине, премиер Албанец во последните 100 дена од Владата може да се добие преку уставна форма, со нова оставка на премиерот, што значи оставка на целата Владата, па преземање на мандатот и формирање на нов владин кабинет.