Мијалков по прележаниот Ковид се појави во судница, вели немал рецепт за правење милиони

North Macedonia’s former secret police chief Saso Mijalkov is waiting to hear his sentence in the criminal court in Skopje on 26, 2021. Saso Mijalkov, one of the most powerful players in the former regime led by ex-prime minister Nikola Gruevski was handed 12 years in prison for running a sprawling illegal wiretapping operation that plunged the country into a political crisis in 2015. Robert ATANASOVSKI / AFP

По укинатиот притвор и прележаниот Ковид, поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков првпат дојде во Кривичниот суд како слободен човек. Мијалков пред новата 2022 година излезе од притвор во Шутка, со дадена гаранција од 11 милиони евра.

-Господине Мијалков, граѓаните се прашуваат, кој е рецептот за милионите?

„Немам таков рецепт“, одговори Мијалков.

А, во судската сала, судијата Илија Трпков се заинтересира за здравјето на Мијалков по прележаниот вирус. Мијалков кажa дека е добар. Судењето продолжи. Се испитаа двајца сведоци. Меѓу нив и поранешниот генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Кирил Божиновски но и владин генерален секретар. Тој пред судот тврдеше оти не знаел за тоа дека Груевски купил за себе или на друго име недвижен имот, како стан или парцели. Божиновски тврдеше дека ниту зел пари од Груевски, ниту пак му дал.

„Мене ми нема дадено пари, дали тој примил некоја донација, јас немам таква информација“, рече сведокот Божиновски.

За разлика од Божиновски, екс – директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, претходно сведочеше дека кај него во канцеларија стигале пратки наменети за генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ Божиновски, но тој денеска рече дека се што му доставил Чинговски, било поврзано со работата меѓу ЕЛЕМ и на Владата.

„Сè било врзано со работата на двете институции, на ЕЛЕМ и Владата. Посебна комуникација или соработка во врска со партијата сум немал со него. Но, како генерален секретар на Владата тој често како директор на ЕЛЕМ, како и сите други институции, ми доставуваше информации, разни одлуки, извештаи итн., кои беа проследувани на владина седница“, додава Божиновски.

Обвинителката Лиле Стефанова имаше само едно прашање за Божиновски. Дали е точно дека тој заедно со Груевски се обвинети во две постапки за дејствија поврзани со располагање на парите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ? Божиновски ова го потврди и кажа дека само едната постапка е поврзана финансиско работење. На екс – премиерот Никола Груевски му се суди во отсуство по бегството за Унгарија.

Според обвинението, тој меѓу 2006 и 2012 година, како лидер на ВМРО – ДПМНЕ за себе зел 1,3 милиони евра, пари кои требало да се прикажат како донации за партијата. Обвинителството тврди дека со тие пари Груевски купувал парцели на Водно.