„Модерна“ развива специјална вакцина против омикрон

Американската фармацевтска компанија Модерна работи на вакцина против сојот Омикрон, изјави денеска извршниот директор на оваа компанија Стефан Бансел во интервју за Си Ен Би Си.

„Модерна работи на специјализирана вакцина за омикрон, која наскоро ќе се најде на клиниките“, рече тој.

Исто така, тој додаде дека Модерна може да испорача годишно две до три милијарди бустер дози оваа година.

Модерна минатиот месец соопшти дека при лабораториските тестови бустер дозата од нејзината вакцина дала заштита од омикрон и дека актуелната верзија од вакцината и натаму ќе биде „прва линија на одбраната од омикрон“ на Модерна.