Нов црн рекорд во Србија: се заразиле над 13.000 лица во изминатото деноноќие

Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа се регистрирани нови 13.693 нови случаи на коронавирус, што претставува нов рекорд во земјата од почетокот на пандемијата.

Починаа 22 лица, а според последните податоци, 86 пациенти се на респиратор.

Во Србија досега од вирусот се заразиле вкупно 1.373.237 лица, а регистрирани се 12.958 починати пациенти.