Огромен „морски змеј“ откриен во Англија, неговиот череп тежи еден тон (ВИДЕО)

Огромен праисториски „морски змеј“ е откриен во англискиот регион Мидлендс и е едно од најголемите откритија во историјата на британската палеонтологија.

Ихтиосаурот, стар околу 180 милиони години, со скелет долг околу 10 метри и череп тежок околу еден тон, е најголемиот и најкомплетниот фосил од ваков вид кој некогаш бил пронајден во Велика Британија. Го пронашол Џо Дејвис од Leicestershire and Rutland Wildlife Trust за време на рутинско одводнување на островот во февруари 2021 година.

 

 

Првите фосили на ихтиосаурусите, наречени морски змејови поради нивните многу големи заби и очи, беа откриени на почетокот на 19 век од палеонтологот Мери Анинг, пишува The Guardian.

„Досега во Британија се пронајдени многубројни фосили на ихтиосаури, но ова е најголемиот скелет откриен во Обединетото Кралство. Тоа е откритие без преседан, едно од најголемите во историјата на британската палеонтологија“, изјави палеонтологот Дин Ломакс.

Ихтиосаурусите биле морски рептили кои првпат се појавиле на Земјата пред околу 250 милиони години. Тие изумреле пред 90 милиони години. Тие биле со различни големини, долги меѓу 1 и 25 метри, а обликот на телото им наликувал на делфините.

„Ретко ја имаме одговорноста да носиме толку важен, тежок, но и многу кревок фосил. Тоа е одговорност, но јас сакам предизвици. Тоа беше многу сложена операција“, изјави палеонтолошкиот конзерватор Најџел Ларкин.