Омикронот сите ќе го прележиме, вели Пановски

Бројот на денови за изолација треба да биде 7 дена, многу малку ќе допиренсеме за ширење на болеста, и најважно е болеста кај прележаните и вакцинираните полесно поминува, вели докторот Никола Пановски во Студио 10.

-Доколку некој праша дали ќе биде заштитен од омикрон тоа е многу тешко бидејќи сите ќе го прележиме. Некој на нога ќе го помината , според податоците на ИЈЗ кои кажуваат дека 30 посто од тестираните досега се асимптоматски случаеви,замислете колку има луѓе кои што одат на работа не се тестираат и се позтивни.И ако го примениме правот на излоација тогаш треба да се затвират сите установи, вели Пановски.