Општина Карпош: Да се отстрани нелегалниот верски објект во Злокуќани

Во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани, ве информираме дека во саботата (8 јануари 2022 година) инспекциската служба на Општина Карпош излезе на терен.

Инспекциската служба на Општина Карпош во сабота, 8 јануари, излезе на терен поради информациите за нелегалното градење на верски објект во населбата Злокуќани. Во моментот кога е извршена контролата, не се вршени градежни дејствија.

Како што соопштија општинските власти, Инспекторатот одредил 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повикал одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но тие досега не се дојдени.

Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, од општината посочија дека случајот ќе биде пријавен и во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.