Повторно многу високи бројки – 1.865 новозаразени и осум смртни случаи

epa08920772 A healthcare worker with vial of the Pfizer-BioNTech vaccine at the Villa Scassi Hospital in Genoa, Italy, 05 January 2021. A second batch of 470,000 doses of the Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine reportedly has arrived in Italy and more than 100,000 people have been vaccinated with it so far in Italy. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Во последните 24 часа се регистрирани 1.865 нови случаи на ковид од 6.173 тестови. Тоа изнесува 30,2 отсто позитивни тестови од примероците. Толкав голем процент на позитивни тестови немало многу одамна и очигледно дека станува збор за брзото ширење на Омикрон варијантата.

Според градови и натаму најмногу нови случаи има во Скопје – 871, па во Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27…

Од вкупниот број на позитивни  регистрирани се 207 реинфекции.

Регистрирани сe 784 оздравени пациенти, повторно најмногу од Скопје – 477,  па Битола – 52, Прилеп – 40, Кавадарци – 30, Велес – 22, Охрид – 19, Куманово – 18, Гевгелија – 16…

Регистрирани се осум починати лица: по две починати лица од Скопје (81 и 86) и Битола (65 и 66) и по едно починато лице од Прилеп (45), Охрид (69), Струмица (68) и Валандово (72). Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.