Полициски службеници пронајдоа девет лица на Попова Шапка кои залутаа поради густата магла

Денеска во 10 часот и 30 минути, двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на  ГЕ ски-лифтот, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.

-Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од “Елем Турс’ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон.Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени, истакна Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово