Полна ковид амбуланта во битолската болница, поради оштетувања од земјотресот затворени неколку соби

 

-Работиме паралелно во три пункта во амбуланти каде што се примаат овие пациенти, а имајќи во предвид дека секако не можеме да се доведиме повторно да го затвориме редовното работење на болницата бидејќи апсолуно сите останати пациенти, пациентите со хронични болести, пациентите со акутни состојби имаат потреба да го добиваат својот третман адекватен третман. Само апелитрам да се намали нивото на паника, да се следат протоколите, да се упатува соодветно, она што има потреба, бидејќи не е во ред исти пациенти поради паниката да доаѓаат, вели Д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница – Битола.

Но, оваа состојба дополнително се искомплицира откако серијата земјотреси во битолско направија штета на зградата на болницата. Најголема е штетата во Одделението за неврологија и машкиот тракт на интерното одделение. Заради безбедност на персоналот и пациентите, овие одделенија ќе работат со намален капацитет.

-Тие оштетувања се доста сериозни, барат сериозна санација, која не сме во можност веднаш да ја санираме, имајќи во предвид дека тлото во Битола се уште не мирува. На вчерашниот стручен колегиум одржан со раководителите од овие одделенија, беше донесена одлука, поради безбедносни причини за пациентите и за персоналот, да се затворат дел од капацитетите на одделни одделенија, изјави Гагачовска.

Таа вели дека болницата функционира нормално, хируршките интервенции кои беа прекинати заради безбедност, повторно ќе продолжат од понеделник. Зградата на Инфективното одделение пак, која е физички одделена од главната зграда и често беше критикувана заради условите, претрпе најмалку оштетувања и се покажа за најстабилна, вели Гагачовска.

Сител тв