Продолжува серијата афтершокови: Битола се тресеше и попладнево

Битолчани и попладнево вознемирени од афтершокови по синоќешниот земјотрес во околината на Лерин. Според податоци на ЕМЦС, земјотрес е регистриран и денеска во 16:43 часот што, исто така, се почувствувал во Градот на конзулите.

Јачината на последниот потрес, според мерните апарати на ЕМЦС, бил 3,1 степен, на длабочина од еден километар и на оддалеченост од 18 километри од Битола.