Со автомобил удрил во малолетник во Тетово и побегнал

Возач во Тетово повредил малолетник и го напуштил местото на настанот.

Вчера околу 14,35 часот е пријавено дека на ул. „Благоја Тоска“, се случила сообраќајна несреќа во која автомобил го удрил Е. Д. (17) од селото Бродец-тетовско по што возачот го напуштил местото  на настанот.  Момчето е пренесено во Клинички центар Тетово каде му се констатирана тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Јавноста е згрозена по несреќата која деновиве се случи кај Сити Мол, каде загина млада девојка од Радовиш, а возачот доби 30 дена протвор.