Србин тешко повреден додека скијал во Маврово

Српски државјанин се повредил додека бил на скијање во Маврово.

Вчера во СВТ Тетово е пријавено дека скијајќи на терените на Бистра во Маврово, српскиот државјанин С.М.(33) паднал и се здобил со тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Повредите биле констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.