Тетовец бил позитгивен на корона ама си излегувал од дома – ќе одговара кривично

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 09.08.2021 на пријавениот, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Тетово му било издадено решение за изолација.

Од страна на полициски службеници, при извршена контрола на 16.08.2021, било констатирано дека пријавениот не го почитувал спроведувањето на Решението за изолација.