Тетовскиот градоначалник со лопата во рака: Касами кршеше и чистеше мраз на тротоари

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами се фати за работа на терен заедно со локалните комунални екипи во расчитување на тротоарите од мраз. На видеото што е објавено на Фејсбук, се гледа како лидерот на БЕСА со лопата во рака крши и чисти мраз на улица во Тетово.

Додека многумина на овие ниски температури се наоѓаат во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снег и мраз. Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност“, напиша Касами на Фејсбук.