Утрински мерења: Најстудено во Тетово, Берово и Петровец -3 степени, Попова Шапка со 27 сантиметри снег

Најниски температури од -3 степени утрово во 7 часот се измерени во скопски Петровец, во Тетово и во Берово.

Следат, Битола, Струмица и Демир Капија со -2, во Штип и на Попова Шапка се измерени -1, во Скопје Зајчев Рид, во Прилеп, во Крива Паланка и во Лазарополе било 0, итн.

Како што информира УХМР, највисока снежна покривка е измерена на Попова Шапка – 27 сантиметри.