Цените на горивата на чекор до рекорд

Само два денари нé делат од историски највисоките цени на дизелот што сме ги имале во Македонија, додека бензинот има малку повеќе да „надомести“ – регулаторната комисија за енергетика ни скрои неделава за бензин 95 да плаќаме по 78,50, за оној од 98 октани вообичаено плус два денари а за литар дизел по 71 денар. Тоа, споредено со септември 2013-тата кога цените на нафтата на светскиот пазар експлодираа, значи дека неделава за бензин ќе плаќаме по пет, а за литар по само два денари помалку од историскиот рекорд. Но, да прегризаме јазик, како тргнале работите…