Име Вести Македонија Адеми: Цело ДУИ и граѓаните ја поддржуваат Владата

Адеми: Цело ДУИ и граѓаните ја поддржуваат Владата

0
15

Денеска одлучуваме дали ќе дадеме зелено светло за континуитетот на развојните проекти и проектите на квалитетниот живот.

Координаторот на пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција, Арбер Адеми во својот говор на денешната собраниска седница за избор на Влада на Република Македонија истакна дека цело ДУИ и сите граѓани ја поддржуваат новата предложена структура на владата и нејзината програма.

Адеми ги истакна и преземените мерки и досега реализираните проекти кои ја оправдаа довербата дадена во Август 2020 година и дека пратениците на ДУИ целосно веруваат во професионалната компетентност на одредените кадри и на квалитетот на содржината на програмата надополнета со проекти и дополнителни стратегии.

Во продолжение целосниот говор на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми:

Еве сме денес, пред една многу важна одлука за нашите граѓани, за нашата земја и за иднината на сите нас.

Денеска одлучуваме дали ќе дадеме зелено светло за континуитетот на развојните проекти и проектите на квалитетниот живот, јасно дефинираните механизми и стратегии за да продолжиме успешно да се справуваме со енергетската, здравствената и мигрантската криза како глобални предизвици на денешницата.

Наоѓајќи се во ваква ситуација на предизвици и кога на хоризонтот го имаме патот кон Европската Унија како прогресивна перспектива без друга алтернатива, денес почитувани колеги, време е да ја докажеме нашата политичка зрелост, да дадеме свој придонес за да се овозможи стабилност и конзистентност во процесот на одлучување во служба на граѓаните и поголемата развојна перспектива.

Пред нас е една дополнета програма, една јасна визија за развој на парламентарно мнозинство кое го има целосниот легитимитет на народот од изборите во Јули 2020 година и гледајќи ја нејзината досегашна работа, ние како членови на парламентарното мнозинство денес рефлектираме за нејзиниот досегашен биланс, констатираме дека достигнувањата и реализираните проекти досега се јасно видливи и со право ја имаа нашата поддршка досега.

Истата поддршка пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција ја дава и на овој владин состав и на оваа консолидирана програма за работа, целосно верувајќи во професионалната компетентност на одредените кадри и од своите и од редовите на коалициските партнери, како и во квалитетот на содржината на програмата што е одраз на барањата и потребите на граѓаните.

Владата на која и дадовме доверба во Август 2020 година од оваа собраниска сала, го отвори патот за реализација на најголемиот инфраструктурен проект на Коридорот 8 за кој беше потпишан договор со познатата компанија Бехтел – Енка и исправноста на Законот за кој заедно гласавме овде, го потврди и Уставниот Суд, со што веќе се овозможи дефинирање на периодот за почеток на работниот процес во летото оваа година.

Беше токму оваа Влада која ја заврши постапката за експропријација на имотите на патот Скопје – Блаце и денеска продолжува да го гради “Патот на Арбер”. Целосно го поддржуваме железничкото поврзување долж Коридорот 8 и потсетуваме дека енергетската врска помеѓу Битола и Елбасан е во тек.

Шар Планина е прогласена за национален парк, општините беа максимално поддржани со обезбедување средства за реализација на локални проекти, за отворени спортски сали во основните училишта, за основното училиште во Мала Речица, а започнаа работите и за училиштата во Визбегово и Блаце, заедно со градинките во Чаир, Сарај и Липково.

Оваа Влада го реализираше и систематизирањето на административците заедно со нивното унапредување со признавање на степенот на образовната квалификација.

Она што е карактеристично за оваа Влада е несомнено нејзината способност да ги откочи и реализира повеќегодишните заборавени процеси во лавиринтите на времето, но многу важни за иднината на државата.

Така имавме соодветен процес на попис на населението според сите донесени законски одредби.

Додека од нашата програма се одобри и одлуката за почитување на правичната застапеност на сите општествени категории во Приватниот сектор.

За да се унапредат процесите за еднаквост, беше отворен новиот објект на Министерството за Политички Систем, која денес е и дом на важни институции како што се Агенцијата за спроведување на јазиците, Инспекторатот за спроведување на јазиците, Албанскиот Државен Ансамбл за песни и ора за да го одразат силно сите заедно вклучително и министерството, духот на Охридскиот Договор, 20-годишнината на која ја одбележавме оваа година.

Овој период на добро владеење ќе го паметиме по реализацијата и на заедничката владина седница со Република Косово.

Но, она што е најважно и кое остави белег во овој период на владеење е дека Демократската Унија за Интеграција со своите кадри ги урна табуата и стави крај на бесмислените предрасуди.

Конечно, со сите позиции предводени од нашите кадри, се докажа дека земјата ништо не изгуби, напротив, ги зацврсти своите позиции на патот на развојот, ги негува вредностите на еднаквоста и јасно и решително го следи патот на интеграција и одржување на партнерството со земјите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Цел и на овој владин состав кој ќе ја има нашата максимална поддршка е и ветувањето за прв албански премиер во последните 100 дена предложен од страна на Демократската Унија за Интеграција која веќе ја има поддршката од СДСМ, но не само, ја има поддршка и од ВМРО ДПМНЕ и албанските политички субјекти во опозиција.

Ова достигнување кое ќе стане реалност несомнено ќе биде показател за демократската зрелост на земјата и најдобар промотор на проевропските вредности на соживот и напредок.

Сите споменати проекти треба да бидат поттик и мотив да се продолжи со добрите дела.

Ние сме дел од НАТО и тој сон го реализиравме со многу работа, решителност и јасна визија, сега кон новиот интегративен предизвик да работиме заедно за да ја интегрираме земјата таму каде што припаѓа, во семејството на Европската Унија. Поддршката за продолжување на работата на оваа Влада значи и реализација на оваа цел.

Денес и утре дебатираме дали да гласаме за Европската Унија, за Охридскиот Договор, за добрососедството, за Коридорот 8, за гасификацијата, за Зелената агенда, за дигитализацијата, за железницата, за автопатот Скопје-Блаце, за управувањето со отпадот, за напредна и поддржана администрација, за предвидливост и добри меѓуетнички односи, стабилност и безбедност.

Ние, 15-те пратеници на ДУИ и нашите гласачи, но и мнозинството наши граѓани, немаме дилема, се решени, сите заедно ќе ја поддржиме оваа Влада.

Со почит,

Демократската Унија за Интеграција