Акција за спасување на двајца повредени планинари на Шар Планина

0
55

Вчера 30.01.2022 год. околу 15:00 часот, Екипа за брз одговор за спасување од планина од Подрачното одделение за заштита и спасување Тетово со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување се упатиле во спасувачка акција откако било пријавено дека двајца планинари од Скопје се повредени некаде над с.Вешала, Кобилица на Шар Планина во близина на границата со Косово.

-Успешно се пронајдени и спасени планинарите од страна на Екипата за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување. Еден од планинарите беше повреден на кој му е извршено брзо интервирање на коленото“, информираат од Дирекцијата.