(Видео) Иранците објавија анимација од атентат со дрон врз Доналд Трамп

0
18

На веб-страницата на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи е прикажано анимирано видео на кое се гледа роботизирано возило чија цел е атентат на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.

Анимираното видео е направено по повод атентатот врз иранскиот генерал Касем Сулејмани на 3 јануари во 2020 година, кој беше убиен во напад со американско беспилотно летало во Багдад.

На видеото, објавено вчера на веб-страницата на канцеларијата на Хамнеи, се гледа како Трамп е погоден од ирански дрон на терен за голф во неговиот дом во Мар-а-Лаго, на Флорида. На видеото е прикажан минатогодишниот пропаганден плакат, на кој исто така се гледа Трамп на терен за голф, повикувајќи на одмазда за убиството на Сулејмани.

 

Претходно овој месец, иранскиот претседател Ебрахим Раиси побара Трамп да биде „прогонет и убиен“.

Генералот Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски напад во Ирак, е вториот најмоќен човек во Иран, веднаш по ајатолахот Али Хамнеи. Сулејмани се сметаше за креатор на големите ирански амбиции на Блискиот Исток.