(ВИДЕО) Јанакиески на штаки со повредена нога и легнат во полициско возило однесен на судење

0
23

Миле Јанакиевски обвинет во случајот „Топлик“ денеска на суд беше спроведен со полициска придружба, откако тоа на претходното рочиште го побара судијата Осман Шабани.

Изминатите рочишта за случајот „Топлик“ беа одложени од причина дека обвинетиот Јанакиевски, го искршил коленото.

До полициската станица во Карпош за Миле Јанакиски стигнала наредба тој да биде спроведен со полиција денеска во 10 часот, за кога е закажано рочиште во случајот „Топлик“.

Оваа наредба дошла директно од судијата во овој случај, Осман Шабани, на барање на обвинителот Бурим Рустеми

Во судските кругови веќе се коментира дека намерата е набрзина да се дојде до завршите зборови со тоа што ќе бидат отфрлени сите докази и сведоци на одбраната, а веднаш потоа да има пресуда