Владата демантира со контра напад – Димитров е разочаран што не влезе во новиот состав

0
21

Димитров остана без министерската фотелја и сега со шпекулации го руши угледот на Новата Влада. Премиерот Заев во заминување со жестока реакција по изнесените ставови на вицепремиерот.

Тврди дека македонските позиции во разговорите со Бугарија се јасни и изградени со единство од кое дел е Димитров лично.

Доколку Димитров е против било што од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е заради народот да го каже тоа и да објасни зошто, бидејќи во спротивно останува само впечатокот дека неговото неучество во идната влада е причина за ваквите неточни и шпекулативни јавни манифестации со цел од напред да се става товар на недоверба во владата, се вели во владината реакција

Сличен е и ставот на идниот премиер Ковачевски

Македонскиот јазик и македонски идентитет не биле, не се, и нема да бидат тема на разговор. Дали господинот Димитров е против овие изградени држави позици во однос на разговорите со Бугарија и во кој дел треба да каже самиот. Граѓаните да бидат спокојни дека Владата во целост ќе ги заштити националните интереси, а преговорите на ниеден начин не се загрoзени со заминувањето на Димитров, вели Ковачевски.

Министерот Османи пак кој беше и директно посочен од вицепремиерот дека брза по секоја цена и за свој личен успех да го реши спорот ги негира овие тврдења.

моите лични позиции, како Министер за надворешни работи и како човек апсолутно соодветствуваат со државните позиции кои како Влада активно ги застапуваме, и тоа: и кога заеднички ги градевме државните интереси при создавањето на Договорот од Преспа; и кога заеднички го создававме Договорот за пријателство со Бугарија; а и сега, кога повторно разговараме за надминување на разликите со нашите соседи, пишува Османи

ВМРО-ДПМНЕ пак во повикаа ДИмиторв да не глуми генерал после војна, оценувајќи дека е повеќе од јасно дека сите го напуштаат вродот на Заев кој тоне.

Задоцнета е грижата на кариеристот Димитров за националните и државни интереси бидејќи беше првиот кој ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега неговата грижа освен што е лажна и лично мотивирана таа е и задоцнета.

не е интерес на странците, туку пред се интерес на македонските граѓани тој и оваа власт никогаш повеќе да има одговорности во оваа држава, се вели во реакцијата на опозицијата.